Објавено на:

Сунак и Зеленски повторија колку е важно Украина да извезува жито

t

Британскиот премиер Риши Сунак и украинскиот претседател Володимир Зеленски повторно изјавија колку е важно Украина да може да извезува жито на меѓународните пазари, јавија светските агенции, повикувајќи се на канцеларијата на Сунак, од каде беше дадена изјава по телефонскиот разговор меѓу двајцата лидери.

„Премиерот рече дека Британија тесно соработува со Турција за обновување на договорот за жито и ќе продолжиме да ја користиме нашата улога како претседател на Советот за безбедност на ОН за да продолжиме да го осудуваме однесувањето на Русија“, рече портпаролот на Сунак во соопштението.

Сунак, исто така, му рекол на Зеленски дека е шокиран од уништувањето по рускиот напад во Одеса, се вели во соопштението.

Претседателот Зеленски разговарал и за актуелните потреби на Украина во областа на одбраната, како и за прашањето за безбедносните гаранции, се наведува во објавата на Зеленски на „Твитер“, пренесоа украинските агенции.

„Зборував за секојдневните обиди на Русија да го уништи историскиот центар и пристанишната инфраструктура на Одеса. Треба да ја заштитиме Одеса. Украина итно треба да ја зајакне својата противвоздушна одбрана за да го заштити своето историско наследство и да ја продолжи иницијативата за жито од Црното Море. Ја разгледавме нашата понатамошна соработка во областа на одбраната, текот на украинските офанзиви. Ги претставив актуелните одбранбени потреби на Украина“, рече Зеленски.

Двајцата го истакнаа и усвојувањето од страна на Г-7 на Заедничката декларација за поддршка на Украина на Самитот на НАТО во Вилнус и последователното пристапување на други земји кон неа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Украина: Воената состојба и мобилизацијата продолжена за…

Украинската – Врховна рада (парламент) го усвои…

Срдановиќ: „Студентската листа“ ќе биде фактор за…

Суштината на движењето што го започнаа студентите…

Рама повторно повика на дијалог

Премиерот Еди Рама, уште еднаш го повтори…

Дневниот весник на РТВ Војводина започна со…

Дневните вести на Радиотелевизија Војводина во 17…

Британскиот министер за одбрана: Имаме 1.000 дена…

Британскиот министер за одбрана, Вес Стритинг, предупреди…