Сунак нема да учествува на 27. конференција на ОН за климатските промени
Британскиот премиер Риши Сунак нема да учествува на 27. конференција на Обединетите Нации за климатските промени, што ќе се одржи следниот месец, соопшти британската Влада.
Од кабинетот на Сунак изјавија дека одлуката е донесена поради „итни домашни обврски“, вклучувајќи и подготовка за вонреден буџет на 17 ноември и оти тоа не одразува потценување во посветеноста на конзервативната влада во борбата со климатските промени. Се очекува на меѓународната конференција да присуствуваат министри од владата на Велика Британија.
Во вторникот Сунак стапи на должноста, земајќи го местото на Лиз Трас, која пак, беше планирано да присуствува на климатскиот Самит.
На 6 ноември во египетскиот град Шарм ел Шеик ќе се одржи 27. конференција на ОН за климатските промени, каде претставници на речиси 200 земји ќе разговараат како да се справат со глобалното затоплување. Велика Британија беше домаќин на ланската конференција во Глазгов, Шкотска, каде присуствуваше тогашниот британски премиер Борис Џонсон.
Според портпаролката на британскиот премиер, Велика Британија продолжува да се ангажира да постигне нето нула емисии на јаглерод до 2050 година, „како и водечки меѓународни и внатрешни дејствија за справување со климатските промени“.
Но, неговата одлука да не присуствува на оваа конференција, предизвика критики од британската јавност и, како што пренесува Би-би-си, оценето е како „неуспех на лидерство“.
Опозициските партии и еколошките здруженија оценија дека одлуката покажува дека Владата не ја сфаќа доволно сериозно климатската криза.
Портпаролот на опозициската Лабуристичка партија, Ед Милибанд изјави дека Сунак донел „ужасна одлука“.
– Овие средби се важни. Тие поставуваат механизми за дејствување за најголемиот проблем со што се соочуваме како свет, појасни тој за Би-би-си. (МИА)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Хаос во Тел Авив: Улици покриени…
Сцени на страв, хаос и вознемиреност ја…
Државата беше побавна затоа што мора да…
Нормално е граѓанскиот сектор да биде побрз…
Земјотрес во Македонија
Земјотрес со јачина од 3,8 степени според…
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…