Објавено на:

Сунак: Постои само едно лице одговорно за илегалната и неиспровоцирана инвазија на Украина, а тоа е Путин

t

„Постои само едно лице одговорно за илегалната и неиспровоцирана инвазија на Украина, а тоа е Путин. Злосторствата извршени таму се ужасни“, рече тој.

„Страдањето што му е нанесено на украинскиот народ е страшно. Затоа ќе продолжиме да го поддржуваме украинскиот народ. Јас и Обединетото Кралство ќе продолжиме да го правиме тоа“, додаде тој.

Рускиот претседател Владимир Путин го обвини Западот дека организира војна против Русија, велејќи дека неговата земја сака мирна иднина и им се заблагодари на хероите на „специјалните воени операции“ во Украина, како што тој ја нарекува руската инвазија на земјата.

„Нивната единствена цел е да го видат падот на нашата земја“, рече Путин мислејќи на Западот на комеморацијата на Денот на победата над нацистичка Германија во 1945 година. Обраќајќи им се на војниците и на руската политичка елита на Црвениот плоштад, Путин рече дека вистинската војна е онаа против нивната татковина. Рускиот претседател ги обвини западните елити дека ги поттикнуваат „нациите едни против други, ги делат општествата, предизвикуваат крвави конфликти“.

Тој додаде дека Русија сака „мирна иднина“ и го обвини Западот дека сее „омраза и русофобија“. Иднината на земјата зависи од руските војници во Украина, рече Путин. „Целата земја е обединета за поддршка на нашите херои. Се молиме за вас“, им рече тој на војниците.

„Во моментов ништо не е поважно од вашата воена задача. Безбедноста на земјата денес зависи од вас, иднината на нашата земја и нашиот народ зависи од вас“, им рече тој на војниците кои стоеја пред него, меѓу кои имаше околу 500 учесници во руските офанзиви во Украина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вероника Консевиќ обезбеди бронза за Македонија во…

Македонија освои уште еден медал на Медитеранските…

Србија набавува офанзивно оружје, тоа треба да…

Европа мора да ја зајакне сопствената безбедност…

Зеленски: Велика Британија и Франција го деблокираа…

Украинскиот Претседателот Володимир Зеленски денес изјави дека…

Елмас официјално претставен во дресот на Аталанта:…

Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас вечерва на…

Утре без струја делови од Скопје, Тетово,…

Поради планирани зафати на електродистрибутивната мрежа, утре,…