Објавено на:

Сунак: Само владите можат да се спротивстават на ризиците од вештачката интелигенција

t

Британскиот премиер Риши Сунак во четвртокот рече дека само владите можат да се справат со ризиците од вештачката интелигенција (ВИ), технологија која може да го олесни создавањето на хемиско или биолошко оружје, да шири страв и, во најлош случај, да избега од човечката контрола.

Говорејќи пред глобалниот собир што го свика следната недела за да ги процени ризиците од технологијата, Сунак рече дека се надева оти учесниците ќе се договорат за природата на ризиците и ќе формираат глобален панел за да ги проценат.

Велика Британија, рече Сунак, ќе основа Институт за безбедност на вештачка интелигенција за „да ги прегледа, оцени и тестира новите типови на вештачка интелигенција за да знае за што е способен секој нов модел“.

„Ако направиме грешка овде, вештачката интелигенција би можела да го олесни создавањето на хемиско или биолошко оружје, а во неверојатни, но екстремни случаи постои ризик вештачката интелигенција целосно да биде одземена од човечката контрола“, предупреди Сунак.

Во паркот Блечли во јужна Англија, седиштето на британските експерти за дешифрирање на шифрирани пораки за време на Втората светска војна, на 1 и 2 ноември се одржува собир на претставници на компании за вештачка интелигенција, политички лидери и експерти.

Сунак рече дека Британија сака да биде глобален лидер во безбедноста на вештачката интелигенција.

На состанокот била поканета и Кина, но засега нема потврда дека ќе испрати свој претставник.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Британија има околу 940 албански затвореници: Трансферот…

Албанските државјани веќе седум години се најбројната…

Хрватска го проширува системот за рано откривање…

Системот за видео надзор за рано откривање…

Ѓорческа поразена на стартот од квалификациите на…

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да…

Барнам од Киев: Украина е првата линија…

Британскиот премиер Енди Барнам вети континуирана поддршка…

Муцунски – Саар: Потпишани билатерални документи за…

Во рамките на работната посета на Израел,…