Објавено на:

Супер вести за спортот: Вардар ја промовира „Кемпа“, но и најави соработка со други германски фирми!

t

Дека пред Вардар доаѓаат подобри времиња доказ е и денешната промоција на спонзорскиот договор со компанијата за производство на спортска опрема „Кемпа“, заедно со најавата за почеток на преговори за соработка со уште неколку други германски фирми.

Црвено-црните долг период наназад, уште од времето на Сергеј Самсоненко и на двете европски титули играше во опремата на „Хумел“, а до промена ќе дојде на крајот од оваа сезона и ќе донесе големо олеснување во буџетот на клубот.

„Чест ми е што успеавме да споиме два бренда на едно место. Соработката со ‘Кемпа’ носи многу бенефити за Вардар и македонскиот спорт, а на почеток ќе биде на три години. Ова е спонзорски договор кој треба да биде на долги патеки, а како ќе се развива соработката ќе објавуваме со тек на време. Оваа соработка ќе има и додадена вредност за нашиот клуб бидејќи носи преговори со други германски компании и спонзори. Среќни сме што ‘Кемпа’ одлучи да биде еден од спонзорите на Вардар. Соработката со ‘Кемпа’ стартува од следната сезона, но разликата ќе биде огромна. Не сакам да зборувам против брендот кој долго бил со Вардар, меѓутоа ние трошиме сериозна сума на пари за опрема. Отсега, тоа комплетно ќе биде покриено од новиот спонзор. Се работи за доста сериозна сума на пари. Не можам да зборувам за идни соработки, меѓутоа точно е дека зборуваме и со други германски компании кои се присутни во регионот. Можам да го кажам само тоа, бидејќи не треба да зборуваме за чувствителни теми додека не биде официјално“, изјави извршниот директор на Вардар, Борко Ристовски.

Додека управата работи на обезбедување иделани услови, ракометарите деновиве максимално се подготвуваат со оглед што вечерва ги чека големото дерби на домашен терен против Пелистер (18 часот). Само победа ги остава црвено-црните со какви-такви шанси за битката за шампионската титула.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На денешен ден војниците на Црвената Армија…

На денешен ден, 30 април 1945 година,…

Сијарто: Крај на војната во Украина и…

Конфликтот во Украина мора брзо да се…

Јавниот долг на крајот на првиот квартал…

Министерството за финансии денеска ги објави податоците…

Судијата Иван Џолев нов претседател на Здружението…

Актуелниот претседател на Кривичниот суд во Скопје,…

Сопругата на Апасиев за Каевски, Димевски и…

Циркус за народ, по шаблон, крупните риби…