Сурои: Србија ги слави загинатите во Косово како што Косово ги славеше тие што ја нападнаа Македонија и тоа е погрешно!
Новинарот и публицист Ветон Сурои рече дека Србија им оддава почит на Србите кои загинаа во Бањска, како што тоа го направи Косово во 2015 година кога паравоена формација од етнички Албанци ја нападна Македонија и изјави дека тоа е погрешно.
Сурои на социјалната мрежа „Икс“ потсети дека Косово тогаш ги прослави Албанците кои настрадаа како херои и изјави дека и двете работи не се во ред, а со две погрешни не се прави еден исправен. „Припадниците на паравоената единица на етнички Албанци кои ја нападнаа Македонија во 2015 година беа поздравени како херои на Косово. Припадниците на српската паравоена единица која го нападна Косово во 2023 година беа прославени како херои во Србија. И двете работи не се во ред. Две грешки не прават право“, изјави Сурои.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Петрова и Муцунски во четврток ќе се…
Министрите за надворешни работи на Македонија и…
Уапсени се петмина онлајн предатори во Србија:…
Српската полиција денеска спровела голема акција во…
Урсула фон дер Лајен пречекана во Приштина…
Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон…
Косовски рапер пее „Секси мама“ на гробот…
Историскиот музеј во Крушево скандалозно му дозволил…
Србин насилно отворил резервоар од охридско „порше“…
ОВР Струга поднесе кривична пријава против М.С.(37)…