Суспендиран теренот во Чаир: Шкендија со службена победа – домаќинот го чека голема казна!
На вонредна седница по повод инцидентот на денешниот натпревар Шкупи – Шкендија од четвртфиналето од Купот на Македонија, Комисијата за натпреварување на ФФМ донесе одлука тимот на Шкендија, службено со 3-0 да го добие натпреварот со Шкупи.
Теренот на Шкупи, стадионот во Чаир, се суспендира за одигрување на првенствени и куп натпревари и клубот се предава на Дисциплинска комисија на ФФМ. Шкупи мора да пријави терен за одигрување на натпреварите како домаќин најмалку 100 километри оддалечен од стадионот Чаир во Скопје.
Целиот инцидент настана по голот на Дашмир Елези, кој се израдува пред трибината на чаирчани. Влегоа навивачи на терен, имаше удари и од двете страни, едните напаѓаа, другите се бранеа. Се фрлаше и пиротехника, тврди предмети кон гостинот од Тетово.
Покрај казната која Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) му ја изрече на Шкупи за домашниот терен, сигурно е дека ќе се добие и висока парична казна за организацискиот пропуст.
Извор: gol.mk
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Шведскиот премиер Кристерсон си поднесе оставка откако…
Шведскиот премиер Улф Кристерсон денеска поднесе оставка…
Блумберг: Германија ги враќа во функција бункерите…
Германија го подготвува здравствениот систем за воено…
(Видео) Сирени во Полска, дрон падна на…
Дрон со млазен погон паднал или бил…
Старец нашол туѓа картичка и си пазарел…
ОВР Кавадарци поднесе кривична пријава против Р.Н.(70)…
ГРКИНКА НА ЧЕЛО НА „МАЈКРОСОФТ“ ВО РЕГИОНОТ:…
Јана Андронопулу е новиот генерален директор на…