(Видео) Сe иcпoyбилe вo Koлoрaдo: Шeстминa зacтрeлaни
Вооружен напаѓач, кој дејствувал сам, убил пет и ранил две лица во понеделникот во американската сојузна држава Колорадо, а потоа и самиот тој е убиен во пресметка со полицијата, јавува Агенција Анадолија.
Локалните власти соопштија дека вооружениот напаѓач, кој пукал на неколку локации во околината на Денвер, жртвите ги барал врз основа на претходните лични и деловни договори.
Напаѓачот Линдон Џејмс Меклеод (47) исто така е убиен во понеделникот навечер откако го застрелал полицаецот кој се пресметувал со него во фреквентниот трговски кварт во предградието на Денвер.
Мат Кларк, командирот на Одделот за криминал во полицијата на Денвер, рече дека напаѓачот познавал поголем дел од жртвите, но не и последното лице кое го застрелал, вработената во хотелот во трговскиот кварт Белмар во Лејквуд.
„Сара Стек (28), која во вторникот почина од здобиените повреди, очигледно била на нишан поради спорот со хотелот, а не со неа“, рече Кларк.
Началникот на денверската полиција, Пол Пазен, рече дека истражителите сѐ уште не го откриле мотивот на нападот.
Користењето огнено оружје е честа појава во Соединетите Американски Држави (САД) каде што правото за негово поседување е загарантирано со Уставот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ФБИ нуди награда за информации поврзани со…
Федералното истражно биро на САД (ФБИ) понуди…
Амбасадата на САД во Приштина му се…
В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…
Познато е кој ја уби демократската претставничка…
Осомничениот за атентатот и обидот за атентат…
Путин и Трамп разговарале за конфликтот меѓу…
Рускиот претседател Владимир Путин разговарал по телефон…
УЖАС во САД: Убиени пратеничка на демократите…
Минесота е во шок откако државната претставничка…