Сè уште исклучени сите реактори на нуклеарката Запорожје
Од украинската електрична мрежа и понатаму се исклучени сите шест реактори на нуклеарката Запорожје, што се наоѓа во јужниот дел на Украина, соопшти државната нуклеарна компанија Енергоатом.
Украинските власти вчера информираа дека последните два реактори се исклучени поради пожар и оштетени далноводи. Се зголемија стравовите од можна несреќа бидејќи централата за првпат е исклучена од украинската електрична мрежа.
„Дејствувањето на окупаторот доведе до целосно исклучување на нуклеарната електрана од електродистрибутивната мрежа, за првпат во нејзината историја. Три далноводи на нуклеарката претходно беа оштетени за време на терористички акции на руските сили“, наведе Енергоатом.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Иран објави информација за три опожарени бродови…
Два танкера и реморкер се опожарени во…
Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…
Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…
Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…
Во рамки на работната посета на Берлин,…
(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…
На социјалните мрежи се појавија информации и…
Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…
Во 2027 година возилата на Министерството за…