Сo надворешни компресори на хируршките клиники досега се изведени околу 70 операции

t

Александар Трајановски – директорот на Клиниката за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ), денеска изјави дека со обезбедените надворешни компресори на хируршките клиники досега се изведени околу 70 оперативни зафати и изрази уверување дека работите полека ќе се враќаат во нормала по проблемот со снабдување со компримиран гас од централната компресорска станица на Клиниката и затворањето на хируршките сали.

Тој кажа дека ТОАРИЛУЦ располага со шест операциони сали, две на Трауматологија, а четири на Клиниката за ортопедски болести, посочувајќи дека се работи со намален интензитет.

– Со обезбедувањето на надворешните компресори, досега изведени се некаде околу 70 оперативни зафати. Половина на Клиниката за траумоатологија, половина на Клиниката за ортопедија. Работиме со намален интензитет. Ако претходно сме оперирале дневно да речеме на Клиниката за ортопедија по околу 15 случаи, сега во една сала во две смени може да поставиме максимум седум до осум случаи и предност имаат пациенти со малигни заболувања, како и фрактури, но, секако, се оперираат и пациентите кои се на елективната листа на чекање – рече Трајановски.

Смета дека, како што рече, полека работите ќе се враќаат во нормала.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДЗС: безбедно отстранети две минофрлачки гранати од…

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) безбедно…

Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…

Досието на Македонија е многу сложено, но…

Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…

Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…

Македонија со седум борачи на Светското првенство…

На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…

ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…

ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…