Таблата со „голема Албанија“ во Сопот ја снема
„Мермерната плоча со знамето на Голема Албанија со дел од Македонија во него денеска е отстранет од музејот кој што беше отворен овој викенд во селото Сопот, кумановско. По бурата реакции во јавноста дека преку овој потег може да се предизвикаат меѓуетнички тензии денеска во музејот стои само каменот на кој беше поставена картата на Голема Албанија, но не и самиот експонат. Музејот денеска е затворен и не може да се влезе во него.”
Но не само мермерната плоча, и самиот музеј каде Али Ахмети викендов ја засилилуваше националистичката реторика, преку изложување на слики од борците на УЧК, а слики од него во униформа, е нелегално граден. Дивоградба, која во ниту една документација не стои името на оној што ја градел. Од општина Куманово најавија кривична пријава против градителот кога ќе дознаат кој е, а не изостанува опцијата и музејот да се сруши.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) „Војна“ на улиците на Тирана, демонстрантите…
Илјадници млади Албанци денеска излегоа на улиците…
И неговите се свртеа против Еди Рама…
Сопартијката на албанскиот премиер Еди Рама, Елиса…
Илјадници млади на улиците во Италија и…
Илјадници студенти и средношколци излегоа на улиците…
(Видео) Хаос во Албанија: Горат министерства и…
Албанија трет ден се соочува со масовни…
Катастрофа во Албанија: угинаа тони риби по…
Еколошка катастрофа се случи во градот Љушња…