Објавено на:

ТАГ уред: Како ќе изгледа наплата на патарините низ Македонија, Србија и Албанија

t

– На последниот самит „Отворен Балкан“ во Охрид беше договорено да се воспостави единствен систем за електронска наплата (ENP) во три земји – Србија, Македонија и Албанија. Возачите наскоро патарината ќе ја плаќаат електронски, со уникатен ТАГ уред, што треба да биде уште едно олеснување кое е иницирано во рамки на оваа иницијатива, јави дописникот на МИА од Белград.

Според „Патишта на Србија“ имплементацијата на новиот систем се очекува до крајот на летната сезона.

Отворениот Балкан „електронска наплата“ (Open Balkan ETC) е акција за воспоставување единствен електронски систем за наплата на патарина во овие три земји, а во „Патишта на Србија“ напоменуваат дека ENP системите се базираат на истата технолошка платформа, DSRC – директна комуникација со краток дострел.

-Корисниците на електронскиот уред за наплата ќе можат да го користат постојниот ENP уред со негова реконфигурација и регистрирање на својата платежна картичка на едно од продажните места. ENP уредот ќе биде поврзан со платежната картичка на корисникот, додека самиот корисникот ќе може да избере дали ќе наплатува средства во национална или во странска валута, објаснуваат во „Патишта на Србија“.

Според сегашниот предлог, предвидено е граѓаните на Србија во Македонија и Албанија да добијат попуст од 5 отсто со користење на овој уред и реципрочно за граѓаните на Македонија и Албанија.

-За воведување на овој систем, кога станува збор за земјите учеснички, односно јавните претпријатија кои се занимаваат со наплата на патарина, потребни се соодветни технички и организациски подготовки на кои во моментов активно се работи, а кои вклучуваат вчитување на нови кодови на антени за читање на ТАГ уредите и друго. Потоа системот ќе биде тестиран, а почетокот на апликацијата се очекува во текот на летната сезона, велат во „Патишта на Србија“.

Додаваат и дека единствениот систем на патарина ќе ја зголеми безбедноста во сообраќајот и ќе го намали метежот на автопатите. Новиот начин на плаќање на патарина треба да го растовари и протокот на возила на наплатните рампи, а предност за граѓаните е што нема да чекаат во редици во шпицот на сезоната и што побрзо ќе стигнат до посакуваната дестинација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Косово е уапсен еден од најголемите…

Уапсен е Гезим Чела, еден од најголемите…

(Фото)УЖАС: Таткото на малиот монструм Кецмановиќ ја…

И сестрата на Коста Кецмановиќ заедно со…

Истражување: Србите имаат 50% словенска генетика, останатото…

Денешните Срби имаат околу 50-60 отсто словенско…

Хил: На маса не е признавање на…

Американскиот амбасадор во Србија, Кристофер Хил во…

Орбан: Ќе стоиме со Србија ако ЕУ…

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека…