Тадиќ размислува да се кандидира за претседател на Србија

t

На два месеци пред редовните претседателски, вонредните парламентарни и изборите за град Белград, на 3 април, политичкиот живот во Србија е посветен околу договорите за кандидадските изборни листи и изборните колации за овие избори, јави дописникот на МИА од Белград.

Кај владеачките партии, Српската Напредна Странка (СНС) и Социјалистичката партија на Србија (СПС), според медиумите се поизвесно е дека заеднички претседателски кандидат ќе биде лидерот на СНС Александар Вучиќ, кандидат за градоначелник на Белград ќе биде претседателот на општина Нов Белград и потпретседател на СНС, Александар Шапиќ, а до крајот на неделева Александар Вучиќ и лидерот на СПС, Ивица Дачиќ, ќе решат дали овие две владејачки партии ќе одат со една изборна листа или, најверојатно, одделно на парламентарните избори.

Во Здружената опозиција на Србија, која покрај Демократската партија (ДС) на Зоран Лутовац ја сочинуваат и Партијата за слобода и правда (ССП) на Драган Ѓилас, Народната партија (НС) на Вук Јеремиќ, Движењето на слободни граќани (ПСГ), Движењето за промени и други движења и синдикалните организации, се уште се водат разговори околу кандидатите и настапот на изборите. Според Ѓилас најголеми шанси за нивен претседателски кандидат има пензионираниот генерал Здравко Понош, поранешен член на НС.

Поранешниот претседател на Србија и лидерот на Социјалдемократскиот сојуз (СДС), Борис Тадиќ изјави денеска дека во најбрз можен рок ќе соопшти дали ќе се кандидира за шеф на државата.

-Ќе донесам одлука и ќе ја објавам што е можно поскоро. Воопшто не се двоумам, но чекам јасно да се постават сите параметри за да можам да донесам добра проценка и правилна одлука. Јас прв ја објавив можноста за кандидатура оваа пролет и постојано велам дека таа одлука ќе ја донесам наспроти оценката дали другите кандидати не само што можат да го победат Вучиќ, туку и да донесат реални и неопходни промени, изјави Тадиќ во интервјуто за Нова, додавајќи дека според рејтингот е на самиот врв.

Последните анкети во Србија посочуваат дека опозицијата најголеми шанси за победа има на изборите за град Белград, но само ако настапи обединето на овие избори

Како кандидат за градоначалник на Белград од Здружената опозиција на Србија, по одбивањето на Лутовац да се кандидра за градоначалничкото место, според медиумите, по синоќешниот состанок најверојатно ќе биде непартискиот кандидат и поранешен амбасадор во Велика Британија, Владета Јанковиќ, кој, според Н1, би ја прифатил кандидатурата, но има неколку услови за кои деновиве ќе разговара.

Лидерот на Двери, Бошко Обрадовиќ, кој не е повеќе член на Здружената опозиција на Србија, вчера официјално ја претстави својата претседателска кандидатура и го најави официјалниот почеток на кампањата.

Претседателска кандидатура најавија и Милош Јовановиќ од ДСС и Срѓан Шкоро од Собранието на слободна Србија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се пребаруваат гробиштата во Злот: Еве каде…

Додека цела Србија се прашува каде е…

Вучиќ најави нови инвестиции од француски компании…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави…

Осомничените за убиството на Данка не покажале…

„Навистина ми е неразбирлива таа ладнокрвност при…

Вучиќ од Париз: Стекнувањето на „рафали“ би…

Започнавме со важни средби за нашата земја,…

Вучиќ денес на средба со Макрон: 14…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска во…