Тадиќ: Ѓинѓиќ добиваше закани непоредно пред атентатот поради барањето српската војска да се врати на Косово
Поранешниот претседател на Србија Борис Тадиќ, коментирајќи ги заканите кон актуелниот шеф на државата Александар Вучиќ вели дека има многу сличности со поранешниот премиер Зоран Ѓинѓиќ.
Тадиќ за прв пат открива дека во 2003 година, неспоредно пред атентатот врз Ѓинѓиќ во американскиот Стејт Департмент добил критики за барањето на тогашниот премиер дел од српската војска да се врати на Косово.
Бев во Вашингтон на молитвениот појадок во Белата куќа и бев поканет во Стејт департментот по писмото од Ѓинѓиќ. Имав исклучително тежок разговор со претставници на Стејт департментот и добив закани кои требаше да му ги пренесам на Зоран Ѓинѓиќ, што и го направив. Ѓинѓиќ беше многу загрижен за тоа што му го кажав. Тоа се случи неколку недели пред атентатот. Не инсинуирам дали Западот е воопшто поврзан со таа трагедија, но ми остави извонреден впечаток – oткрива поранешниот шеф на државата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…