Тажна вест: Кочо Калинчев долгогодишен активист на Македонската заедница почина во Мелбурн на 83 годишна возраст

t

Жална вест

12.5.1939 – 30.7.2022

Кочо Калинчев долгогодишен активист на Македонската заедница почина во Мелбурн на 83 годишна возраст на 30.7.2022 год.

Кочо Калинчев роден е во селото Овчарани, Лерин, Егејска Македонија. Неговиот животен пат е исполнет, како што ми велеше тој, затоа што после големи патешествија со неговата фамилија која настрадала од монархо- фашистичките грчки власти, по тешките мачења и прогони, конечно се собрале заедно во Прилеп а потоа во Скопје. И Кочо Калинчев како и илјадници многу други македонски фамилии беше жртва на грчкиот геноцид врз македонското население во Егејска Македонија. И тој е дете прогонето од својата родна куќа а неговите родители поминале тешки денови во грчките затвори.

Кочо Калинчев од Македонија се пресели во Австралија во 1957 година и одма се зачленува во управата на првата македонска православна црква “Св Ѓорѓи” која се освети во 1960 год. Кочо Калинчев од неговото зачленување во Македонската православна општина за Мелбурн и Викторија па се до неговата смрт и остана верен. Кочо беше најстариот активист на “Св Ѓорѓи” со поминати 65 години во истата. Тој беше на многу функции: благајник, секретар и долгогодишен претседател.

Калинчев бил многу активен и како фудбалер. Долги години ги пранеше боите на Ф.К. Македонија. Потоа Кочо учествуваше и во драмската секција на општината како и на првото македонско фолклорно друштво “Светлост.” Исто така беше организатор и учесник на сите протести каде што се бараа човековите права на Македонците.
Вечна слава!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вучиќ до Студентската листа: Ужасно ми е…

Претседателот на пратеничката група „Александар Вучиќ –…

Прекин во услугите на „Епл“: Корисници пријавуваат…

Корисници на „Епл“ на 17 ноември пријавија…

(Фото) СДСМ доживеа дебакл на протестот во…

Најавата на СДСМ за протест во Охрид…

МВР: Од 15 ноември до 15 март…

Од 15 ноември почна законската обврска за…

Бајден за потегот што го загрижи Кремљ:…

Поранешниот американски претседател во книгата „Ветувај ми,…