Објавено на:

Тажна вест: Почина актерот Мустафа Јашар!

t

На 77 годишна возраст почина турскиот актер Мустафа Јашар кој целиот свој работен век го помина во Турскиот театар во Скопје. 

Познат е по многу филмски и телевизиски проекти а одиграл и повеќе од 100 улоги во театар од кои најпознати се: ,,Алиш” 1974, ,,Дервиш и смрт” 1976,  ,,Лудата Емине “ 1984, ,,Јунус Емре”  1991, ,,Хамлет” 1995, ,,Азизнаме” 2005  и ,,Куќа на граница”.

За ликот на Креонт од претставата „Антигона“, Јашар беше награден за најдобра машка улога на Интернационалниот фестивал на античка драма „ Стоби“ во 2003 година. Ја освои и наградата за епизодна улога „ Димче Трајковски“, на МТФ „ Војдан Чернодрински“ во Прилеп во 2005 година, а во 2014 година на истиот фестивал Јашар доби награда за животно дело.

Јашар одигра и педесетина улоги во ТВ серии, играни  и ТВ филмови. Меѓу нив се : „ Итар Пејо“, „ Време води“, „ Црвениот коњ“, „Јужна патека“, „ Среќна нова 49“, „ Балканот не е мртов“, „ Трето полувреме “ и др.

Мустафа Јашар ќе биде погребан утре на градските гробишта во Бутел.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тажна вест: Почина актерот Мустафа Јашар!

На 77 годишна возраст почина турскиот актер…

Руски хокејар прободен со нож во градите

Трагични вести пристигнуваат од руската престолнина. Синоќа…