Тажна вест: Почина Ирена, водителка на емисијата „Версус“
Тажна вест се споделува по социјалните мрежи. Почина Ирена, водителката на некогашната емисија „Версус“.
Се огласи Игор Филевски, со кого заедно ја водеа емисијата.
-Штотуку ја дознав веста која првично не сакав да е точна, а потоа не сакав ни да ја прифатам како точна, но немам веќе избор сем да ја прифатам празнината од заминувањето на личноста која беше еден дел и од моето обликување низ медиумите. Ирена, драга моја Иренке Версус, нека ти е широко небото и вечен Мирот каде и да си сега… А Версус на А1 телевизија, немаше ни да почне ако не беше Ирена, нејзината енергија, нејзината милост, нејзиниот капацитет и интелект. Од емисија во емисија се редеа нашите За и Против, нашите спротивставени ставови, во еден концепт и со една цел. И успевавме, заедно и единствено. Прв проект и првото шоу од кое направивме препознатлив бренд на македонските медиуми во тоа време кога сите тие тогаш беа во зародиш, благодарение на Ирена и нејзиниот ведар дух. Ирена, уффф… боли оваа вест… многу. Сочувство до Мате, до целата фамилија, до сите кои ја познаваа, се дружеа и се радуваа на нејзиното присуство, напиша тој.
Сочувство до нејзиното семејство изразуваат и од New moment.
-Еден од милион. Нескршлив дух што сите го слушавме и гледавме, секогаш подготвена да поентира со шега, но и да се разберете како луѓе. Тоа беше нашата Ирена. Ќе ни недостасуваш. Многу. Најскрено сочувство до нејзиното семејство, пријателите и сите што ја сакаа, напишаа тие.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Руски хокејар прободен со нож во градите
Трагични вести пристигнуваат од руската престолнина. Синоќа…