Таравари: Бејта си раскажува прикаски, а самиот е приказна
Претседателот на Алијанса за Албанците и гостиварски градоначалник, Арбен Таравари, реагираше на изјавата на некогашниот градоначалник на Гостивар и актуелен член на „огнената група“ во ДУИ, Невзат Бејта, кој рече Таравари победил на изборите во Гостивар со помош на Талат Џафери.
„Господинот Бејта е легенда! Тој си е приказна сам по себе. Не би го коментирал тоа, зашто јас и никогаш не сум коалицирал со никого. Но Бејта си има предрасуди, тој прави заговори и тој самиот се однесува така како што критикува други“, рече Таравари во интервју за „Алсат“.
Тој на Бејта му порача дека „никогаш не седнал да преговара со Артан Груби и Талат Џафери“.
„Сепак, знам дека имаше истакнати членови на ДУИ, кои токму поради Бејта, гласаа за мене“, рече Таравари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Слаб земјотрес во Охридско
Слаб земјотрес со локална магнитуда од 2,0…
Жена обвинета за обид за труење колешка,…
Жена од Западна Австралија е обвинета за…
Трамп: Погубувањето на осудениот за масакрот во…
Погубувањето на поранешниот мајор на американската војска…
Во поплавите во Истанбул загинаа најмалку три…
Најмалку три лица загинаа во поплавите предизвикани…
Забрана за пиење на водата од пет…
Општина Гевгелија ја забрани водата за пиење…