Таравари вели дека ќе ја почитува одлуката ако партиското собрание одлучи АА да оди на избори со ДУИ

t

Изгледа дека нештата стануваат појасни во АА. По постојаните информации за различни мислења за тоа како партијата ќе оди на избори – сама, со ДУИ, или ЕСП, денеска претседателот на АА, Арбен Таравари изјави дека ќе ја прифати одлуката на Централното собрание на партијата за тоа како да се настапи на изборите.

„Јас ја почитувам одлуката на партиските органи. Така да како и да одлучи собранието, така ќе делувам. Без никаква дискусија! Не само сега туку секогаш сум делувал така.“, изјави Таравари.

Засега АА има само една одлука од партиското раководство да настапат сами на избори, без да влезат во предизборна коалиција, но Таравари вели дека Собранието може да донесе поинаква одлука.

„Ќе ги разгледаме околностите, ќе ги слушаме и препораките, но на крајот во Собрание ќе се донесе конечната одлука. Може да биде истата одлука, но и поинаква, зависи од членовите на Собранието.“, вели Таравари.

Неофицијално, засега се знае дека Таравари смета дека на избори треба да одат заедно со албанската опозиција, Европскиот сојуз за промени, а од друга страна, претседателот на партиското собрание, Зиадин Села, е на мислењето дека треба да излезат заедно со т.н. Европски фронт, каде што е и ДУИ.

Синоќа во интервју за Алсат, Села изјави дека е поддржувач на идејата сами да настапат на избори и дека исто мислење има и Арбен Таравари. Но, освен тоа, Села во интервјуто неколку пати ги спомна коалициите на АА во минатото, додавајќи дека минатото е многу важно за да не се прават грешки во иднина. Зборувајќи за албанската опозиција рече дека „не знае каква гаранција можат да и понудат на АА, кога не можат да гарантираат за себеси“.

Какви се шансите АА да се подели на два дела, дел со Европскиот фронт и еден со опозицискиот блок?

„Јас не верувам, но знаете како, политичките партии … може да има движења, лицата кои мислат поинаку постојано, некој влегол, некој отишол, така да сметам дека ќе се почитуваат одлуките на партиските органи. Доколку постои некој кој размислува поинаку од одлуката на партиските органи, немаме што да правиме.“, рече Таравари.

Се очекува следната недела АА да ја донесе конечната одлука.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Полициска акција во Куманово: Пронајдени пари,…

Полициски специјалци и истражители утрово спроведуваат претреси…

НОВ БРАН БЕЗБЕДНОСНИ ЗАКАНИ ВО ЕВРОПА: Најмалку…

Нов бран пријави за бомби и сомнителни…

Српскиот динар продолжува да паѓа: Најниска вредност…

Српскиот динар продолжува да ја губи вредноста…

Сиљановска-Давкова се сретна со претставници на македонската…

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на работната…

Полициска акција во Куманово, неофицијално се истражува…

Засилено полициско присуство е забележано утрово на…