Таравари денеска разрешува 7-8 економски директори од вкупно 14

t

Новиот министер за здравство, Арбен Таравари веќе информираше дека дал наредба за разрешување на економските директори на кои им завршува мандатот. Веќе е дадена наредба што побрзо да се спроведе во Собранието измената на законот за укинување на функцијата економски директор на клиниките.

Како што информира Таравари, денеска ќе бидат разрешени 7-8 в.д. директори од вкупно 14.

-Денес се разрешуваат одреден број на економски директори на кои што им завршува мандатот. Тие што се со малку поголем мандат, ќе ни треба измени на законот. Сметајте дека за месец-два нема да има економски директори. Не сакам да не тужат тие што имаат мандат до август, септември, па да одиме по судови…, кажа Таравари во изјава за медиумите на првиот ден од стапување на новата функција.

Досегашното искуство во примената, како што претходно порачуваа од Министерството за здравство, покажа низа слабости во јавните здравствени установи во кои беа именувани двајца директори заради несоработка на лицата кои беа именувани за директори, при што се јавуваа практични проблеми за реализација на акти и постапки каде што се бара согласност на двете лица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…

Будење со звукот на сирените за воздушен…

Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…

Во центарот на Општина Градско, под плаштот…

Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…

(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…

ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…

УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…