Таравари и Села се сретнале за да си го поделат имотот
Некогашните блиски соработници Зијадин Села и Арбен Таравари, кои преку ноќ станаа лути противници, што предизвика раскол во Алијанса за Албанците, имале тет-а-тет средба после внатрепартиските превирања, на која разговарале за поделба на дел од партискиот имот, неофицијлно пренесува „Фокус“ повикувајќи се на свои партиски извори.
Според високи партиски извори, двајцата се договориле Села да ги задржи партиските возила и средствата на сметка, додека дошло до поделба на штабовите, така што партискиот штаб во Скопје му припаднал на Села, а штабот во Тетово на Таравари.
Она за што немало договор е кому да ми припадне партискиот печат и бренд, што ќе зависи од правната разврска која веќе е покрената во тетовскиот суд, откако двете страни одржаа паралелни седници на Централното собрание и на Конгресот, тврдејќи дека го имаат легитимитетот и легалитетот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…
Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…
Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…
Во рамки на работната посета на Берлин,…
(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…
На социјалните мрежи се појавија информации и…
Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…
Во 2027 година возилата на Министерството за…
Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…
Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…