Таравари: И 15 министри да ни даде ВМРО-ДПМНЕ не прифаќаме ако нема европска перспектива
Лидерот на Алијана за Албанците Арбен Таравари, во интервју за „Слободен печат“ на Слободна ТВ вели дека ако партијата биде дел од некоја идна Влада, таа мора да гарантира дека европскиот пат ќе биде по секоја цена приоритет и тоа во ограничен временски период. При тоа не само да се каже „ќе биде“ зашто како што вели тој, сме навикнале да се вели ќе биде и тоа да не биде следните десет години.
За можноста партијата да коалицира со ВМРО-ДПМНЕ ако и се понудат доволен број министри, Таравари со одговор:
– И петнаесет министри да ни понудат ако не одиме по европски пат нема што да бараме таму. Во тој случај може претседаелот на Алијанса да си даде оставка, партијата да си продоолжи, меѓутоа не може Алијанса за Албанците да се приклучи на било кој блок што ќе ја стагнира државата во следните пет до десет години- вели Таравари.
Во однос на изборите за претседател Таравари е на мислење дека доколку има кандидат Албанец веројатно во првиот круг партијата ќе го подржи. Но во поглед на вториот изборен круг тој сеуште нема податоци кој ќе биде кандидат, иако за Пендаровски има позитивно мислење.
„Тој се покажа како релативно добар претседател дури и најдобар во последните 30 годони во Македонија“, констатита Таравари во интеррвју за Слободен пачат“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЗЕЛЕНСКИ БАРА ПИСМЕНИ ГАРАНЦИИ ОД ЗАПАДОТ: Украина…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски побара од западните…
Мерц му порача на Трамп: Мировниот договор…
Германскиот канцелар Фридрих Мерц му порача на…
НОВИ ЕКСПЛОЗИИ ВО ИРАН: Силни детонации во…
Иранските медиуми јавуваат за нови експлозии во…
ЕУ и НАТО: Претстои уште многу работа…
Европската Унија и НАТО повторија дека претстои…
ИРАК СЕ ПОДГОТВУВА ЗА НОВА ВОЈНА МЕЃУ…
Ирак започнал подготовки за можен нов вооружен…