Таравари: На располагање сме како министерство да помогнеме на сите акции за да се исчисти криминалот и корупцијата во здравството

t

Како Министерство за здравство стоиме на располагање за да се исчисти криминалот и корупцијата во здравство, порача денеска министерот за здравство, Арбен Таравари, кој во при посетата на Кумановската болница одговараше на новинарско прашање за вчерашната акција на полицијата во врска со незаконско доделување на инвалидски пензии. Таравари потсети дека претходно имаше и случај во државниот Геријатриски центар, кога директорот беше фатен при земање на мито од 20.000 евра.

-Се случи во Геријатрија една акција, тој беше член на нашата партија, утредента го разрешив од директор и задутрете го исклучивме од партија. Сите што грешат, ние ниту сме полиција, ниту јавно обвинителство, ниту ги следиме луѓето. Меѓутоа ги поздравувам сите овие акции, изјави Таравари.

Тој посочи дека има информации за злоупотреби од страна на вработени во здравствените установи, но, како што вели, не сака да генерализира и не се сите доктори такви.

-Но, таму кај што постојат сомнежи ги поддржувам, со сета почит и стоиме како министерство за здравство, тука да помогнеме на сите вакви акции за да се исчисти криминалот и корупцијата, рече Таравари.

Прашан за случајот со починатиот пациент на Каридиохиргија, Таравари одговори дека извештајот е готов.

– За кардиохирургија мислам дека е готов, но не сум го прочитал, ви кажав од санитарен инспекторат е пристигнат, прочитав и од новинарите што е констатацијата. Така што, ќе видиме за понатамошните чекори, што ќе биде преземено, вели Таравари по посетата на болницата во Куманово.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ѓорѓиевски: Започна изградбата на нов парк од…

Нов парк со површина од 71.000 квадратни…

Џабе затвораме, кога има судии кои ги…

Големо разочарување, и за мене, и за…

Се зголемува монашкото братство во Бигорскиот манастир…

Биргоскиот манастир Свети Јован Крстител на својата…

Со метални предмети го нападнале на паркинг…

Вчера во 17:30 часот во ОВР Струга…

Русија оди кон најниско производство на нафта…

Русија се движи кон најниското годишно производство…