Таравари: Никогаш немало непријателство со Мицкоски, но во Владата може да се вратиме само по парламентарни избори

t

Лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари синоќа во дебатна емисија бил запрашан за политичката состојба и неговото пријателство со премиерот Христијан Мицкоски.

Во емисијата „Клик плус“ Таравари одговорил дека никогаш немало непријателство меѓу нив, но не го смета за блиско пријателство.

„Никогаш не сме имале непријателство, но не можам да кажам дека имаме блиско пријателство“, рече Таравари.

Претседателот на АА, исто така, истакнал дека соработката меѓу нив двајца во изминатиот период била релативно добра, но откако АА се во опозиција, таа била прекината.

„Имавме релативно добра соработка во изминатиот период, но откако сме во опозиција, продолжуваме да бидеме опозиција“, изјави Таравари.

На прашањето за гласините што се појавија во медиумите дека Алијансата за Албанците ќе се врати во власта, лидерот на партијата одговорил јасно: „Не, ова дефинитивно е не е точно. Можеме да се вратиме во Владата само по одржувањето на парламентарните избори“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски калкулира со парламентарни избори заедно со…

Од владеачката ВМРО-ДПМНЕ информираат дека во партијата…

Таравари: Одиме со посебни советнички листи и…

Засега имаме сигурна одлука дека одиме со…

Таравари за ТВ21: За Алијанса е многу…

Во просториите на општина Гостивар попладнево се…

Ахмети за ТВ21 по состанокот со Таравари:…

Во просториите на општина Гостивар попладнево се…

Таравари избран за редовен професор на Meдицинскиот…

Генералниот секретар на Алијанса за Албанците, Арбен…