Таравари откри дека Мицкоски побарал гаранција од Брисел и Вашингтон за Бугари во Устав
Во вчерашното издание на емисијата „Клик Плус“, претседателот на Алијанса за Албанците и актуелен министер за здравство, Арбен Таравари, говореше на неколку значајни теми поврзани со иднината на Македонија, вклучувајќи го евроинтегративниот процес, уставните измени, како и политичките коалиции меѓу албанските партии.
Таравари изрази задоволство од добрите односи на премиерот Христијан Мицкоски со САД. Сепак, посочи дека Мицкоски бара гаранција од Брисел и Вашингтон дека уставните измени ќе бидат последен услов на овој пат.
„Ако може да се најде решение за таа гаранција, која треба да ја дадат Брисел или Вашингтон… Мицкоски вели: ‘Да ги направиме уставните измени, бидејќи ги имаме бројките, но нивната примена да биде откако ќе станеме членка на ЕУ’“, изјави Таравари, додавајќи дека не станува збор за условување, туку за обид за осигурување на процесот.
Таравари се осврна и на можната консолидација на коалицијата ВЛЕН во една политичка партија. Тој нагласи дека Алијансата за Албанците е подготвена за соработка, особено на локалните избори, но се противи на ултиматуми и инсистира на отворен дијалог.
„Никогаш не сум функционирал со ултиматуми. Ако дојде до иницијатива за обединување, треба да има координација и транспарентен процес“, рече Таравари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВОЛСТРИТ ЏУРНАЛ: NVIDIA СЕ ПОДГОТВУВА ДА ГО…
Управниот одбор на американскиот технолошки гигант NVIDIA…
Мерц подготвен за разговор со Путин? Договорот…
Разговори меѓу германскиот канцелар Фридрих Мерц и…
АЛ-МАДА: САД ПОДГОТВЕНИ ДА ПРИФАТАТ ЧЕТИРИ ОД…
Соединетите Американски Држави наводно се подготвени да…
Охриѓанец исчезнал од семејниот дом, полицијата трага…
На 10.11.2026 година, во 17:00 часот, во…
Иран отвори прв воен камп за обука…
Иран го отвори својот прв воен камп…