Таравари постави за директорка докторка која има кривична пријава за лажиран сертификат за англиски јазик

t

Докторката Севдије Коџа добила решение од министерот за здравство Арбен Таравари дека е нова директорка на болницата во Дебар, потврди самата за „Слободен печат“, откако Министерството за здравство со денови не одговара на ова едноставно прашање поставено од Слободен печат. Станува збор за истата личност за која МВР во февруари годинава поднесе кривична пријава за „употреба на документ со невистинита содржина“, пишува Слободен печат.

Како што велат оттаму диркеторката во разговор им посочила дека од неа се барала само потврда за неосудуваност, не и сертификат за познавање на англиски јазик кој не го приложила бидејќи не ѝ бил ни побаран.

„Пријавената С.К. вработена во Општа болница Дебар, набавила лажен меѓународен  сертификат за познавање на англиски јазик, издаден од училиште за јазици од Република Бугарија. С.К. го употребила сертификатот за познавање англиски јазик при аплицирање на конкурс за именување директор на ЈЗУ Општа болница Дебар, по што од министерот за здравство била именувана за вршител на должноста – директор на ЈЗУ Општа болница Дебар“, пишува во билтенот на МВР од 14 февруари годинава.

Извор: Слободен печат

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонија има повеќе болнички кревети на 100…

Во Европската Унија во 2024 година имало…

Бебе од Куманово заврши во болница по…

Четиринаесетмесечно дете од Куманово било хоспитализирано откако…

Ќе има ли проверки за „фантом-вработени“ во…

Одговарајќи на новинарско прашање дали ќе се…

Малолетник со мотор удрил во 74 годишна…

На 02.06.2026 во 11:00 часот во ОВР…

Хорор во училиште во Ченто: Ученик влегол…

15-годишник е лишен од слобода откако со…