Таравари: Работиме на решение за проблемот со хируршките сали
До крајот на годинава здравствените власти очекуваат да се изгради и инсталира нова компресорска станица за проблемот со хируршките сали. Министерот Таравари денеска соопшти дека започната е процедурата и веќе е објавен тендер од страна на службата за општи и заеднички работи.
Дотогаш операционите салите ќе продолжат да работат со помош на надворешните компресори, но и со помал интензитет.
„Јас мислам дека повеќе од половина од капацитетите веќе функционираат ќе видиме дали ќе можеме да организираме нешто и со ГОБ „Осми септември“ и со старата градска болница операциите да бидат кооридинирани оттука и евентуално колегите и оттука дали може таму да ги работат одредени случаи кои што навистина се итни и не може да се чека подолг период“, вели Арбен Таравари – Министер за здравство.
Таравари најави решенија за вработување на приватните специјализанти, а во иднина можно е и целосно да бидат укинати приватните специјализации.
Истовремено најави дека одредени специјализации ќе бидат ставени во мирување, а младите доктори ќе се насочуваат кон специјализации за кои има дефицит во болниците.
„Да направиме стратегија со која одредени специјализации ќе бидат во мораториум, а одредени ќе бидат фаворизирани, можеби ќе размислиме и начин за мотивација за младите лекари да одат на анестезиологија, радиологија, педијатрија и други специјализации кои ни недостасуваат во државата“, вели Арбен Таравари – Министер за здравство.
За две недели се очекува и новата позитивна листа на лекови за која министерот вели дека во иднина нема да се чека толку долго време за да се обновува, а Владата на седница утре на дневен ред ќе го има законот за укинување на економските директори во здравствените установи.
Како новина Таравари најави дека ќе се отворат и телефонски броеви на кои пациентите ќе може да пријавуваат директно кај тимот на министерот неправилности и проблеми во здравствениот систем.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вештачка интелигенција испратила лажна дојава за убиство…
Моделот за вештачка интелигенција Клод на компанијата…
Масакр во Пенсилванија: Деветмина загинаа, меѓу нив…
Во масовно пукање во градот Ири, во…
Москва ја поздрави пораката на Трамп за…
Специјалниот претставник на рускиот претседател Владимир Путин…
По ракетните напади, Амбасадата со препораки за…
Амбасадата на Македонија во Абу Даби упати…
Папата Лав: Смртната казна е неприфатлива
Папата Лав XIV повторно се изјасни против…