Таравари сака да остане лидер на Алијанса за Албанците: Утре ќе поднесе кандидатура

t

Вршителот на должност претседател на Алијанса за Албанците (АА), Арбен Таравари, сака да остане на лидерската позиција во партијата.

Тој утре ќе ја поднесе кандидатурата за претседател до партиската Комисијата во централниот штаб на АА во Тетово.

Кандидатурата, како што најавија од партијата, тој ќе ја поднесе сосе потписи за поддршка од партиското членство.

Партискиот конгрес, според најавите од претходно, треба да се одржи на 17 декември.

Таравари е актуелен градоначалник на Гостивар, а од септември годинава и в.д. претседател на АА откако Зијадин Села си поднесе оставка од лидерската функција по лошите резултати на предвремените избори за советници во Општина Тетово.

Таравари претходно беше генерален секретар на Алијанса за Албанците, а во мај 2022 беше назначен на функција – потпретседател.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Изет Меџити ја повикува Алијанса за Албанците…

„Јас сум убеден дека ако останат со…

Русија и Кина формираат енергетска алијанса

Русија и Кина се во процес на…

Таравари избран за редовен професор на Meдицинскиот…

Генералниот секретар на Алијанса за Албанците, Арбен…

(Видео) Урнебесно – Села честиташе Велигден за…

Лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села,…