Таравари: Состојбата на повредените во болниците е стабилна, сите пациенти од Кочани и Штип се пренесени во Скопје
Министерот Арбен Таравари со нови информации околу повредените од дискотеката во Кочани.
„За среќа сите пациенти кои се донесени во болниците се во стабилна состојба, како и оние кои беа испратени во странство. Но, има еден нов проблем. Пациенти кои не се јавиле вчера, денеска се пријавуваат и бараат помош. Јас ги молам сите кои биле таму да се пријават и да дојдат на преглед.
Од вчера почнавме нова стратегија, ги преземавме сите пациенти од Кочани и во Штип, затоа што имаме капацитет тука во Скопје. Сега сите пациенти се сега во Скопје, немаме веќе во Штип и Кочани. Во Штип утрово се јавиле две лица.
Во Клинички центар се 49 лица, 8-ми Септемви 17 лица, во старата градска болница 17 лица, во Штип се пријавени двајца нови, кои вчера воопшто не се пријавени. Во странство, во Турција се испратени девет лица, Бугарија 14 пациенти, во Грција во Солун се пет, во Србија 17, и вчера двајца се упатени во Будимпешта, и во Литванија се упатени четири пациенти. Денеска очекуваме уште неколку пациенти да бидат упатени во Словенија двајца или четворица, за Хрватска ќе појдат четворица, во Австрија шест, и уште 12 пациенти ќе бидат испратени во Белград на ВМА“, рече Таравари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бремена жена со хематоми по телото пријавила…
Четириесет и двегодишна жена од Босна и…
Шефот на „Енвидија“ Јенсен Хуанг поднесе оставка…
Извршниот директор на „Енвидија“ (Nvidia) Јенсен Хуанг…
ТРАМП: НЕ НИ ТРЕБА ДОГОВОР СО ИРАН,…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Соединетите…
Драма во Гази Баба: 59-годишен скопјанец натепан…
59-годишен скопјанец пријавил физички напад од страна…
Инвестицијата е вредна 1,5 милиони евра: Киел…
„Киел Македонија“, која е дел од германската…