Таравари ќе го наследи Села на лидерската позиција во Алијанса?

t

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари треба да биде наследникот на Зијадин Села на чело на Алијанса за Албанците, дознава “Фокус” од високи партиски извори.

Во пресрет на седницата на партиското собрание, на која ќе се констатира оставката поднесена од Села после неуспехот на локалните избори во Тетово, е начинот на кој Таравари ќе го трасира патот до лидерската позиција.

Според неофицијални информации, Таравари најверојатно ќе биде избран за в.д. претседател веднаш по утврдување на оставката на Села.

На тој начин, тој би бил вршител на должност се до вонредниот конгрес што треба да се одржи во декември, на кој треба да добие полн мандат како партиски лидер.

Меѓутоа, соговорниците за Фокус, велат дека во партијата се отворила дискусија дали ова сценарио има формално-правна поткрепа, со оглед дека актуелниот партиски статут не предвидува позиција в.д. претседател.

Затоа, со цел да се намали ризикот некој да го оспори процесот, се појавиле и одредени размислувања, наместо вршител на должност, Таравари до конгресот да остане потпретседател, ама со засилени овластувања.

Сепак, се очекува да преовлада расположението Таравари да биде избран за вршител на должност претседател, додека идната позиција на Села во партијата ќе се разгледува на конгресот.

Инаку, ваквиот развој на настаните во најголемата албанска опозициска партија доаѓа по катастрофалниот резултат во Тетово, каде на советничките листи освоија помалку гласови од сите други албански партии, по што Села се повлече, без претходни внатрепартиски консултации.

Од оваа перспектива, како исклучително лоша се покажа одлуката АА да не настапи заеднички со победничката Беса на тетовскиот градоначалник Биљал Касами, за што, според нашите информации, се воделе преговори.

Имено, Касами му понудил на Села соодносот на советничките листи да биде 50-50, под услов истиот сооднос да важи и при составување на пратеничките листи на следните парламентарни избори.

Притоа, како што дознава Фокус, Села со согласил овој сооднос да важи во шестата изборна единица и Касами да добие носител на пратеничка листа во „петката“, но да не важи во другите изборни региони, поради што не дошло до договор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Таравари за ТВ21: За Алијанса е многу…

Во просториите на општина Гостивар попладнево се…

Ахмети за ТВ21 по состанокот со Таравари:…

Во просториите на општина Гостивар попладнево се…

Изет Меџити ја повикува Алијанса за Албанците…

„Јас сум убеден дека ако останат со…

Русија и Кина формираат енергетска алијанса

Русија и Кина се во процес на…

Селата ќе останат празни, градовите пренаселени –…

Во ноември 2021 година се издадени 406…