Таткото монструм кој ја убил двегодишната ќерка претходно извршил над 30 кражби, никогаш не бил процесуиран?
Кичевчанец преку пост на „Фејсбук“, тврди дека за убиството на 2-годишното девојче потфрлил системот бидејќи нејзиниот татко кој во моментов е осомничен дека ја претепал до смрт, претходно извршил над 30 грабежи.
„За убиеното девојче од 2 години системот е крив. Ако некој праша зошто еве ви одговор: бидејќи го знам убиецот и како таков одамна требаше да биде процесуиран сега е за жал касно. Тој е човек кој кај мене влезе да краде. Па бидејќи полицијата не можеше да го пронајде бев приморан јас да го барам и за среќа го пронајдов. Потоа излеговме на суд, замислете обвинителството ми рече дека нема што да правиме бидејќи досега има 30 кражби, на тоа јас одговорив за да биде осуден дали треба да има 300 кражби?“, стои во објавата на кичевчанецот на ФБ.
Тврди дека не добил одговор на ова прашање од надлежните.
„Па на тоа не добив одговор, за потоа пак да ми влезе да краде и го фатив на лице место па мораше да го тепам додека не се измоча, за жал не го утепав. Ете драги мои човекот после 30 40 кражби не беше процесуиран па дојдовме до ситуација да убие две годишно девојче. За Жал сега е касно“, се дополнува во неговата објава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Работник Ром го пријавил шефот Албанец дека…
Комисијата за спречување и заштита од дискриминација…
Во Хрватска е уапсен е градежен работник…
Хрватската полиција поднесе кривична пријава против 54-годишен…
360 степени: (Не)скриени актери во Македонија потпалуваат…
Повеќе интернет-портали и фејсбук-страници на македонски јазик…
Трагедија во Кичево: 37-годишен маж загина во…
На 21.07.2026 во 18:55 часот во ОВР…
Сиљановска: Убедени сме дека Македонија има многу…
Билатералните односи меѓу Македонија и Индија да…