Таткото на Борис Трети, Фердинанд заглави со процедурата за “населување” во Богданци

t

Бугарско здружение „Цар Фердинанд“, кое требаше да биде формирано во Богданци наидува на правни пречки при регистрацијата, пишува Република.

Барателите за формирање биле информирани од Централниот регистар-Куманово дека мораат во рок од 30 дена да достават одобрение од советодавното тело за давање на мислење  за употреба на име на историска личност за употреба на името на здружението „Цар Ферднанд“. Ако ова не го поднесат пријавата ќе биде отфрлено.

Цар Фердинанд е татко на Царот Борис кој веќе доби здружение во Охрид и кој денеска беше демолиран.

И во овој случај подносителот обезбедил согласност од поранешниот бугарски премиер Симеон Саксобурготски како член на семејството и потомок на царот Фердинанд.

Во 1918 година тој абдицирал во корист на својот најстар син Борис. Остатокот од животот го поминал во прогонство, живеејќи во градот Кобург во Германија. Патувал и низ Јужна Америка и источна Африка, а се обидувал и да се врати во Бугарија, но неговиот син, Борис, тоа никогаш не му го дозволил.

Власта најави дека ќе се прави измена на законот за регистрирање на имиња на фондации и здруженија со цел личност од фашистичкиот период како Ванчо Михајлов и цар Борис да не смеат да бидат имиња кои ќе ги носат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Стотици борци на Вагнер пристигнаа во Централноафриканската…

Неколку стотици искусни борци на руската паравоена…