Таткото на Вања повторно бара слобода од Врховниот суд

t

Емотивно и во солзи, таткото на убиената Вања Ѓорчевска побара Врховниот суд да му го укине притворот. Тврди дека неосновано е осомничен за помагање на убиството на неговата 14 годишна ќерка. И Тој сакал да ја дознае вистината, а се пожали и на постојана физичка тортура за која имал и лекарска потврда.

„Обвинуван сум за работи што не ги разбирам. Убијците се ми одземаа. Не сум веќе ниту родител ниту татко. И јас сакам да знам што точно се случило. Сите се подеднаков виновни“

Адвокатот тврди дека Ѓорчевски е неосновано во притвор. Пред врховните судии истакна дека не постои опасност од бегство бидејќи неговиот клиент нема важечки патни исправи. Ја отфрли можноста дека може да влијае врз истрагата, бидејќи пред само неколку денови, Александар бил сослушан во притвор, дал корисни информации, а го отклучил и мобилниот за вештачење.

Според одбраната, причина за состојбата во која се наоѓа таткото на Вања се непроверените информации објавени на прес конференција по неговото апсење.

За убиството на 14 годишната Вања осомничени се уште три лица кои моментално се во притвор, а првоосомничениот Љупчо Палевски чека екстрадија од Турција. На сите им се припишува и убиството на велешанецот Жежовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Рама ги обвини Иран и Русија дека…

Албанскиот премиер Еди Рама повика на смиреност…

(Видео) Вартоломеј од Софија повика на мир…

„Во овој момент светот има исклучителна потреба…

На протестите во Франција учествувале околу 480…

На протестите одржани вчера ширум Франција, по…

Рама тврди дека неутрализирале дрон со експлозив…

Албанскиот премиер Еди Рама тврди дека пред…