Таткото на Маричиќ му порача „једи гов*а“ на новинар, вицепремиерот се извинуваше

t

Таткото на вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, Момир Маричиќ, преку коментар му порачал да „једи *овна“ на новинарот на „А1он“ кој упатува прашања за фамозните бифтеци за време на заедничката прес-конференција со еврокомесарот Дејвид Гир.

Коментарот бил напишан завчера, а достапен бил сè до вчера попладне, кога споменатиот портал го контактирал вицепремиерот.

Целосно се оградувам од какви било навредливи пораки кои ги објавил кој било вклучувајќи го и мојот татко. Неговите коментари во никој случај не ги одразуваат моите ставови, ниту некогаш зборувал во мое име. И двајцата сме возрасни и секој одговара за своите ставови и постапки. Јас моите ставови ги изнесов јавно на прес-конференција и секогаш изнесувам ставови кон медиуми со должна почит и внимание, вели Маричиќ за „А1он“.

Од порталот вчера се обиделе да стапат во контакт и со Момир Маричиќ во врска со неговиот коментар, но безуспешно.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Метео: Видете какво ќе биде времето денес

Од УХМР јавуваат дека времето денеска ќе…

Потребни се средства за лекување на Сашо…

Драги читатели, Сашо Лазаровски боледува од белодробен…

МВР: Нема повредени во пукањето во Тетово

Ниту едно лице не е повредено во…

ВРИЕ ОД ПОЛИЦИЈА: АТЕНТАТ ВО ТЕТОВО!

Вечерва имаше пукање во Тетово, а полицијата…

Шокантна вест: Ненадејно почина селекторот на младата…

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација до 17…