Таткото на Надица од Кочани, на денот кога требаше да слави матура: „Каде и да си, за мене ќе си најубава матурантка“

t

„Домот требаше да е полн со смеа, музика. Требаше да гледам како се подготвуваш, да стојам гордо покрај тебе, да гледам како животот ти се отвора. Наместо да слушам музика ја слушам тишината што ме прогонува откако те нема“, напиша Александар, таткото на Надица која загина во пожарот во Кочани, во емотивната порака.

Александар Наунов, таткото нa Надица, која лани на 16 март загина во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, не може да ја преболи смртта на својата ќерка.

Болката не се намалува, иако и тој и сопругата и помалата ќерка учат да живеат со неа, исто како и семејствата на останатите жртви во пожарот.

А Надица, чиј живот згасна на само 17 години, сега ќе беше матурантка.

Таа не дочека заедно со децата од нејзиниот клас да прослави, да се дотера, да игра, да се забавува, а потоа да размислува и за упис на факултет и за сè што носи животот.

На денот кога нејзините соученици славеа матура, Александар објави фотографија на својот Фејсбук и емотивна порака посветена на ќерка си.

tatkoto-na-nadica-od-kochani-na-denot-koga-trebashe-da-slavi-matura-kade-i-da-si-za-mene-kje-si-najubava-maturantka-04.jpg

„Денес требаше да ја славиш твојата школска матура, ќерко моја.

Требаше домот да биде полн со смеа, музика и возбуда. Требаше да те гледам како се подготвуваш, како со блесок во очите го чекаш денот што секое младо срце го сонува.

Требаше да ти кажувам колку си убава, а ти да ми велиш да не се грижам и дека сè ќе биде совршено.

Требаше денес да стојам гордо покрај тебе, да го чувам во срцето секој твој чекор, секоја насмевка, секој миг од твојата младост.

Да гледам како животот ти се отвора пред тебе, а не да стојам пред тишината што остана зад тебе.

Но, наместо радост, денес во мене има само празнина што не престанува да боли.

Наместо да слушам музика и детска смеа, ја слушам тишината што ме прогонува откако те нема.

Ќерко моја, најмногу боли што не ти беше дадено да ги доживееш деновите што ги заслужуваше.

Твојата младост, твоите соништа, твојата среќа – сè беше прекинато прерано.

Денес требаше да славиш. Да играш. Да се смееш. Да живееш.

А јас, како татко, останав со љубов што нема каде да ја оставам и со гордост што никогаш нема да згасне.

Те сакам бескрајно. И каде и да си, за мене засекогаш ќе бидеш мојата најубава матурантка“, напиша тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Таткото на Надица од Кочани, на денот…

„Домот требаше да е полн со смеа,…

Мицкоски најави експресен пат Кочани–Виница–Делчево: Почнува подготовка…

Премиерот Христијан Мицкоски најави почеток на активности…

„Ова не е обична трагедија од пожар,…

Денеска и Виница маршираше за 63-те трагично…

Сведоци: Деко ги принудувал вработените да кријат…

Во судската постапка за трагичниот пожар во…

Ниту еден од 13-те обвинети полицајци за…

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска почна…