Таткото на терористот од Белград откри се: „Вахабистите нека го закопаат сега“
Милош Жујовиќ (25), кој во терористички напад пред израелската амбасада во Белград тешко го рани со самострел полицаецот Милош Јевремовиќ (34), според зборовите на неговиот татко, пред четири-пет години ја сменил верата и бил регрутирани од луѓе од Црна Гора.
„Тоа е секта (вахабисти). Се запознале преку некој од Црна Гора и го ожениле. Тој С.К. беше во врска со другарката на мојата снаа шест-седум години и ѝ ставил хиџаб на главата. Исто и на оваа, на Милош. Го ожениле за да не може да побегне, инаку тој беше прекрасно дете. После се пресели во Нови Пазар, каде има двајца другати. Тој потоа во џамијата го запозна со Игор Деспотовиќ“, низ солзи раскажува таткото Зоран за Информер.
Тој рече и дека Милош одел во православната црква како дете.
„Читаше молитви, додека не го направија будала. Турците го регрутираа. Толку се плашев да не го испратат некаде, бидејќи повеќе не размислуваше со своја глава. На сите им го одземаат умот. Се обидовме да го одвратиме, но тој рече дека сме неверници. Јас му кажав дека тој е неверник, дека ја напуштил верата“, вели тој.
Потоа откри како неговиот син се оженил со Албанка од Плав, на која ѝ се гледале само очите.
„Тие беа во Плав, во џамија, каде што се венчаа. Таа го зема името Иман, а тој Салхудин, јас мислев Сабахудин. Појма немам, ништо не знам… Сега внукот ќе наполни една година на 4 јули“ додава Зоран.
Вели дека е добро што полицаецот е надвор од животна опасност и дека бил загрижен за него.
Зоран вели дека не знае каде ќе биде погребан сега неговиот син.
„Нека го закопаат сега неговите вахабисти, тие што го пратија! Што ќе прават, нема ли да одат на православни гробишта?“, рече таткото на убиениот екстремист.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СЕМЕЈНА ДРАМА ВО ТЕТОВО! Побарал пари од…
Триесет и шестгодишен жител на Тетово бил…
Утре до 23 степени, од четврток промена…
Времето утре ќе биде сончево со мала…
Прозападната опозиција во Чешка победи во вториот…
Прозападните опозициски партии постигна голема победа во…
Алигатор долг 3,6 метри усмрти 71-годишен маж…
Седумдесет и едногодишниот Стив Хамилтон загинал во…
Ел Сиси: Египет ќе ја брани Саудиска…
Египетскиот претседател Абдел Фатах ел Сиси изјави…