Татко и син завршија во болница: Се превртеле со четирицикл на Скопска Црна Гора

t

Татко и неговиот малолетен син вчера попладне се превртеле со четирицикл над селото Љубанци, на падините на Скопска Црна Гора, соопшти МВР.

„На 16.10.2022 во 15.30 часот во Полициската станица Чаир, Г.М.(42) од Скопје пријавил дека на планината над с.Љубанци, скопско, управувајќи четирицикл со скопски регистарски ознаки, на кој сопатник бил неговиот малолетен син, се превртеле и паднале. По несреќата, двајцата биле пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза”, каде на малолетникот му биле констатирани телесни повреди, а на Г.М. му биле констатирани тешки телесни повреди“, се вели во полициското соопштение.

На местото на настанот излегла полициска екипа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ