Татјана Димитровска е нова шефица на Антикорупциската комисија
Пратениците едногласно дадоа зелено светло за новиот состав на Државната комисија за спречување на корупција. Со 97 гласа „за“ изгласани се седумте члена на новата Комисија која во следните пет години ќе водат битка со сите коруптивни скандали и сомнежи за криминал.
И власта и опозицијата се согласија дека е избран идеален состав кој ќе работи на справување со коруптивните скандали. Редок момент кога без дебата беше изгласана новата комисија.
Ревизорката Татјана Димитровска која во следните пет години ќе стои на чело на Комисијата во изјава за Сител вели дека новиот состав ќе работи посветено на битката со корупцијата, а посебен предизвик вели е што новата Антикорупциска започнува мандат во изборна година.
Покрај Димитровска, за членови на Комисијата се избрани судијката во Основниот суд Софија Спасова Медарска, двајцата досегашни советници во ДКСК Билјана Каракашова Шулев и Бесник Џемаиљи, ревизорите Зоран Богоевски, Цвета Ристовска и Демири Сервет.
Новата комисија треба да почне со работа на 8 февруари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ивановска: Сега е шанса да се расчисти…
- Ова е шанса да се расчисти…
Судот пресече: ДКСК мора да даде увид…
Антикорупциската комисија мора да му овозможи на…
(Документи) Државниот пазарен инспекторат работел без печат…
„Животните надвор гледаа од свиња на човек,…
Антикорупциска доби заменик-претседателка која ќе ја менува…
Билјана Каракашова Шулев е новата заменик-претседателка на…
Нови пријави до ДКСК: Сомнежи за незаконско…
Повеќепати оспоруваната Државна комисија за спречување на…