Татјана Димитровска е нова шефица на Антикорупциската комисија

t

Пратениците едногласно дадоа зелено светло за новиот состав на Државната комисија за спречување на корупција. Со 97 гласа „за“ изгласани се седумте члена на новата Комисија која во следните пет години ќе водат битка со сите коруптивни скандали и сомнежи за криминал.

И власта и опозицијата се согласија дека е избран идеален состав кој ќе работи на справување со коруптивните скандали. Редок момент кога без дебата беше изгласана новата комисија.

Ревизорката Татјана Димитровска која во следните пет години ќе стои на чело на Комисијата во изјава за Сител вели дека новиот состав ќе  работи посветено на битката со корупцијата, а посебен предизвик вели е што новата Антикорупциска започнува мандат во изборна година.

Покрај Димитровска, за членови на Комисијата се избрани судијката во Основниот суд Софија Спасова Медарска, двајцата досегашни советници во ДКСК Билјана Каракашова Шулев и Бесник Џемаиљи, ревизорите Зоран Богоевски, Цвета Ристовска и Демири Сервет.

Новата комисија треба да почне со работа на 8 февруари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДКСК го попари Николоски: Не постои никаква…

Државната Комисија за спречување корупција уште во…

Петровска: Нема ништо спорно околу набавката на…

Славјанка Петровска – актуелната министерка за одбрана,…

Еве што смеат, а што не функционерите…

Во пресрет на претседателските избори на 24…

ДКСК се „неписмени“, сметаат обвинителите

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран…

И наставничката ранета во масакрот во „Рубникар“…

И наставничката по историја Татјана С., која…