Тачи по вечерата со Рама: Разговаравме за европската иднина на Македонија и заедничкиот пат кон ЕУ
Лидерите на албанските партии во Македонија вчера беа на, како што тие велат, новогодишна вечера со албанскиот премиер Еди Рама.
Никој од нив не открива за што точно се зборувало на средбата, освен што сите кажаа дека ја поддржуваат европската иднина на Македонија.
Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, по оваа средба изјави дека не разговарале за ништо конкретно, освен за заедничката иднина на двете земји во Европската унија.
„Братска средба си посакавме едни на други и на сите Албанци нова година. Зборувавме за нашата заедничка иднина на патот кон Европската унија, а не за нешто поконкретно. Ви благодарам! Среќно!“, рече Тачи.
По вечерата изјава имаше и претседателот на Алијанса за Албанците кој рече дека нема албанска шартија во Македонија која не ја поддржува европската идина на државата, а со тоа нема партија и која е против уставните измени, односно внесување на Бугарите во Уставот.
На средбата не присуствуваше претседателот на БЕСА, Билал Касами, кој кажа дека не сака да седи на иста маса со Али Ахмети и додаде дека со Рама ќе се види насамо.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Хаос во Албанија: Горат министерства и…
Албанија трет ден се соочува со масовни…
ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…
ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…
ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…
Петрова и Муцунски во четврток ќе се…
Министрите за надворешни работи на Македонија и…
Жените во Македонија за еднаква работа заработуваат…
И покрај законските гаранции за еднаква плата…