Тајван ја повика Кина да ги прифати резултатите од претседателските избори
Тајван ја повика Кина да ги „уважи резултатите од претседателските избори“ кои претходниот ден ги доби Вилијам Лаи (Лаи Чин-те), кој тврди дека островот е де факто независен и вети дека ќе го брани од заканите за обединување на Пекинг.
„Министерството за надворешни работи ги повикува властите во Пекинг да ги уважи изборните резултати, да се соочат со реалноста и да се воздржат од репресија врз Тајван“, се вели во соопштението на дипломатската служба.
Министерството додаде дека добило честитки од „повеќе од 50 земји, вклучително и 12 дипломатски сојузници“ и ги осуди „апсурдните и погрешни коментари“ на кинеските власти.
Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи рече дека „без оглед какви промени ќе се случат во Тајван, основниот факт дека има само една Кина во светот и дека Тајван е дел од Кина нема да се промени“.
Актуелниот претседател Вилијам Лаи (64) победи вчера на претседателските избори со 40,1 отсто од гласовите. Тој ќе ја преземе функцијата на 20 мај, заедно со потпретседателката Ксијао Мејцин, поранешна претставничка на Тајпеј во Вашингтон.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кина и Велика Британија треба да ги…
Кина и Велика Британија треба „да ги…
Лефков: Талогот на СДС и Филипче за…
Венко Филипче кој има главна улога во…
Бројот на жртви од поплавите во Непал…
Бројот на жртви од катастрофалните поплави на…
ВМРО-ДПМНЕ: СДС е на иста линија со…
ВМРО-ДПМНЕ ја обвини опозициската СДС дека со…
САД: Кинески хакери упаднале во мрежи на…
Кинески хакери упаднале во сервери на американскиот…
