Тајмс оф Израел: 6 загинати во наводниот израелски напад во близина на иранската амбасада во Дамаск
Сириските медиуми јавуваат за наводни израелски воздушни напади во општина Мезех во областа Дамаск, пренесува Тајмс оф Израел.
Според провладиното радио Шам ФМ, цел била зграда во непосредна близина на иранската амбасада.

Државниот радиодифузер САНА вели дека системи за противвоздушна одбрана се вклучени по израелскиот напад.
Иранската новинска агенција Тасним вели дека извори навеле дека најмалку шест лица биле убиени во наводниот израелски напад врз зграда во непосредна близина на иранската амбасада во Дамаск.
Се вели дека бројот се уште не е официјално потврден.

Според други ирански медиуми, целната зграда била иранскиот конзулат и резиденцијата на амбасадорот.
Новите слики објавени од сириските медиуми ги покажуваат последиците од наводниот израелски воздушен напад во Дамаск пред кратко време.
Цел на нападот беше зграда во непосредна близина на иранската амбасада во Сирија, во општина Мезех во областа Дамаск.
Ројтерс ја цитира иранската информативна веб-страница SSN која вели дека цел на Израел бил конзулатот и резиденцијата на амбасадорот на Иран.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Израел: „Ердоган ја намамува Турција во опасни…
Израел испрати ново остро предупредување до Турција,…
Израел нападна полициска станица во Газа –…
ХАМАС денес го обвини израелскиот премиер Бенјамин…
Ердоган: Не сакаме војна со Израел, но…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во интервју…
Зетот на Трамп оди во Израел, ќе…
Џаред Кушнер, пратеникот и зет на американскиот…
Двајца израелски војници и еден Либанец загинаа…
Двајца израелски војници се убиени во Јужен…