„Тајмс“: Планот за победа на Зеленски вклучува безбедносни гаранции слични на членството во НАТО
Според „Планот за победа“ што украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе им го претстави на американскиот претседател Џозеф Бајден и претседателските кандидати Камала Харис и Доналд Трамп оваа недела, Украина ќе бара безбедносни гаранции слични на оние на членките на НАТО.
Според „Тајмс“, „Планот за победа“, покрај безбедносните гаранции, содржи уште три точки: продолжување на украинските операции во руската погранична област Курск со цел да го зголеми својот преговарачки удел, барањето за „конкретно“ напредно оружје како и меѓународна финансиска помош за обнова на Украина.
Како се наведува, барањето на Зеленски за безбедносни гаранции го овековечува неуспехот на Украина да биде прифатена во НАТО и другите меѓународни сојузи и во исто време претставува желба за „доказ“ за посветеноста на САД во одбраната на Украина, откако Трамп претходно зборуваше за потенцијалните територијални отстапки во корист на Русија за евентуално окончување на војната.
„Тајмс“ истакнува дека Зеленски сака да избегне Украина да се најде во ситуација кога треба да се согласи на неповолен мировен договор.
Зеленски претходно изјави дека е потребна поддршка од Бајден и другите западни лидери за Украина да може да ги започне преговорите од „силна позиција“ пред крајот на годината.
Неименуван западен дипломат истакна дека исходот од претседателските избори во САД ќе има одлучувачко влијание врз потезите на Русија во понатамошниот тек на војната.
„За Путин тоа е најрелевантниот елемент во неговите пресметки. Ако Русите дојдоа до заклучок дека во Вашингтон постои влада која е решена да продолжи да ја поддржува Украина, тоа дефинитивно ќе го промени нивниот став за можните преговори. Но, ако почувствуваат дека Доналд Трамп е тој што можеби ќе им понуди евтин излез, тоа ќе биде крајот“, рече дипломатот, пренесува Танјуг.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп: Ќе ја стигнеме Кина во производството…
Претседателот Доналд Трамп изјави дека Соединетите Американски…
Граѓанските здруженија ги бојкотираа: Шукова држеше говор…
Сериозна превенција на родово базираното насилство, одговорност…
САД подготвуваат тест на интерконтинентална ракета среде…
Американските воздухопловни сили планираат пробно лансирање на…
Епидемијата на ебола во Конго е надвор…
Епидемијата на ебола на истокот од Демократска…
Вучиќ до Студентската листа: Ужасно ми е…
Претседателот на пратеничката група „Александар Вучиќ –…