Објавено на:

„Тајмс“: Путин испратил 400 платеници од Африка во Киев да ги убијат Зеленски и браќата Кличко

t

Еден од најугледните и најпознати светски магазини „Тајмс“ објави дека рускиот претседател Владимир Путин, испратил 400 платеници во Киев со задача да убијат 23 лидери во Украина.

На листата се наоѓаат украинскиот претседател Володимир Зеленски, потесниот владин кабинет и воен врв, како и браќата Кличко, Виталиј и Владимир.

-Путин состави црна листа на која се 23 високи украински официјални лица и моќници. Мешу нив се двајцата поранешни светски боксерски прваци во тешка категорија, браќата Кличко. Тие се омилени меѓу Украинците, и станаа заштитно лице на отпорот на руската агресија. Виталиј веќе осум години е градоначалник на Киев, стои на почеток на текстот пренесен од Би-Би-Си.

Во продолжение од текстот се дава појаснување кој ја добил оваа задача од Путин.

-Вагнер Групата брои 400 одлично опремени платеници кои во јануари од Африка ги донесе Евгениј Пригожин, близок соработник на рускиот претседател кого го нарекуваат „готвачот на Путин“. Пред пет недели дојдоа во Белорусија, а потоа тргнаа кон Киев. За убиството на украинскиот врв и е гарантиран огромен износ пари. За нивните планови во саботата наутро се информирани високи украински претставници, стои во објавата.

Платениците наводно го следат Зеленски и неговите колеги преку мобилните телефони и тврдат дека секогаш знаат каде се наоѓа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски пристигна во тридневна посета на Канада

Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна во тридневна…

Нов скандал: Во Бугарија се обучувале руски…

Протечена разузнавачка проценка, изготвена за австралиската служба…

Трамп: Путин сака договор за завршување на…

Американскиот претседател, Доналд Трамп, вечерва изјави дека…

Директорот на ЦИА презема поголема улога во…

Директорот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА)…

Зеленски го осудува недостатокот на меѓународен одговор…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска оцени дека…