Објавено на:

Тајното складиште на Путин срамнето со земја: Црн чад во Москва, огромниот пожар зафати 20.000 метри квадратни

t

Огромен пожар во магацин со гориво во близина на Москва, следеле експлозии и хаос

Во саботата изби масовен пожар во градот Пушкино, предградие на Москва, во магацин кој складирал гориво и мазива. Огнот бргу се проширил, а на местото на настанот се слушале и силни експлозии од плински боци.

Според извештаите на руските медиуми, инцидентот се случил на улицата Новаја, во складишен објект каде биле чувани запаливи течни горива во буриња, гасни боци и палети. Неофицијално, магацинот бил користен и за снабдување на руската армија.

Првичните информации говореа за пожар што зафатил површина од околу 8.100 квадратни метри, но за само неколку часа таа бројка драматично се зголемила – достигнувајќи 20.000 квадратни метри.

Руските власти сѐ уште немаат дадено официјално соопштение за причините на пожарот. Според украинскиот медиум Channel 24, провладините руски медиуми ги избегнуваат деталите околу инцидентот.

Експлозии и алармантна ситуација

Телеграм-каналот Mash објави дека на местото на пожарот се слушале повеќе експлозии, предизвикани од гасните боци во магацинот. Властите го прогласиле четвртиот степен на опасност – највисок – и во акцијата за гасење биле вклучени и воздухопловни сили.

Повеќе од 100 пожарникари и 27 возила биле ангажирани во справување со огнената стихија, при исклучително тешки услови. Засега нема информации за повредени или загинати лица.

Овој инцидент доаѓа по серија слични пожари и експлозии на стратегиска и индустриска инфраструктура во Русија во изминатите недели, што предизвикува растечки загриженост.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Новак: Поради украинските напади врз рафинериите, Русија…

Русија почна да увезува горива за домашниот…

Скопски пожарникари се приклучија во гаснењето на…

Конвој на Противпожарната бригада на Град Скопје…

Македонците го одбележаа Преображение во црквата во…

Македонците по потекло од  селото Ербеле, областа…

Алкохол нема да се продава по 21…

Во Сплит стапи на сила нова одлука…

Загреб стана првиот европски град каде што…

Загреб стана првиот град во Европа каде…