Тајсон доби тужба поради борбата со Пол
Кипарската маркетиншка агенција „Медиер“ го тужи славниот боксер Мајк Тајсон за 1.5 милион долари тврдејќи дека го прекршил договорот со учеството во борбата со Џејк Пол.
Компанијата со седиште во Лимасол ја промовира обложувалницата „Рабона“, а тужбата била испратена на адреса на судот во Лондон.
„Причината поради која Тајсон и неговата компанија „Тајрани“ забрзано го раскинаа договорот е затоа што Мајк прифати договор и спонзорство со „Нетфлифкс“ поради борбата со инфлуенсерот Пол“, стои во тужбата.
Договорот помеѓу Тајон и оваа компанија бил потпишан во јануари и раскинат веќе во март. Поради тоа „Медиер“ бара враќање на 800.000 долари од Тајсон за неисполнување на услуги и уште 729.000 за направени трошоци.
Од друга страна, адвокатите на Тајсон тврдат дека од „Медиер“ го прекршиле договорот бидејќи не добиле одобрување од нивниот клиент за промовитен материјал.
Ќе потсетиме, Пол славеше во борбата со Тајсон и од борбата заработи 40 милиони долари, додека на Тајсон му припаднаа двојно помалку.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) КАФЕ ПРЕД „ЛЕКУВАЊЕ“: ИВА МИХАЈЛОВА СНИМЕНА…
Ива Михајлова, за која во медицинската документација…
Папата Лав XIV опериран во Рим, зафатот…
Папата Лав XIV денеска попладне беше успешно…
Утре без струја делови од Карпош и…
Дел од корисниците во скопските општини Карпош…
Михајлова никогаш не се извинила на семејството…
Уредникот на Радио Лидер открива дека избеганата…
Распишана централна и меѓународна потерница по Ива Михајлова
Министерството за внатрешни работи распиша централна и…