Твитер ќе отпушта 3.700 луѓе: Некои работат по 24 часа и спијат во канцеларија надевајќи се дека Маск ќе биде милостив

t

Компанијата Твитер, предводена од Илон Маск, се очекува во петок да отпушти илјадници вработени. Според некои податоци, станува збор за околу 3.700 луѓе или дури половина од работната сила на компанијата.

За да ги исполнат работните задачи во кратки рокови и да докажат дека се успешни, вработените работат 24 часа на ден, седум дена во неделата, а некои дури и спијат во канцелариите. Сепак, многу корисници веќе се жалат на губењето следбеници. Причина за „големата чистка“ би можело да биде укинувањето на лажни сметки, како и деактивирањето на сметките во знак на протест, бидејќи од компанијата најавија дека нејзините услуги ќе се наплаќаат.

Откако Илон Маск ги остави вработените главно во мрак за тоа што се случуваше во компанијата во првите денови од неговото преземање на Твитер, тие сега се се поблиску да ја дознаат својата судбина под негово водство.

Магазинот „Бизнис инсајдер“, кој добил интерни комуникации и разговарал со две лица запознаени со плановите на компанијата, но кои не сакале да бидат идентификувани, објавува дека списокот на лица кои се очекуваат да добијат отпремнини поради раскинување на договорите за работа е изготвен во среда. На него би требало да има дури 3.700 луѓе.

Откако Маск официјално го купи Твитер минатата недела, тој ги рангираше работниците според нивните перформанси. Началниците на секторите имаа задача да состават список и да изберат кој да остане во компанијата, а кој да биде отпуштен. Тие списоци потоа биле испратени до Маск и неговиот тим, вклучувајќи го и неговиот адвокат, Алекс Спиро.

Отпуштањата се очекува да се случат во петок, околу пладне. Ако повеќе од 3.700 луѓе бидат навистина отпуштени, тоа би значело околу половина од работната сила. По зголемувањето на работната сила на компанијата на околу 8.200 во јуни, стотици ја напуштија компанијата кога Маск одлучи да го купи Твитер. На крајот на септември на работа останаа 7.500 луѓе.

Во меѓувреме, „Вашингтон пост“ објави дека тимот на Маск планира да го намали персоналот на Твитер за околу една четвртина во првиот круг на отпуштања, цитирајќи лице запознаено со дискусиите во седиштето на компанијата минатата недела.

Милијардерот Илон Маск, кој минатата недела го презеде Твитер, најави дека за новата сина ознака за проверка покрај името на корисникот на социјалната мрежа Твитер, која ја докажува автентичноста на сметката, ќе треба да се плаќа по осум долари месечно.

На оние кои сакаат да ги задржат своите работни места им е советувано да му пристапат на Маск директно преку „Слак“ со нови идеи и да бидат подготвени да работат со „манична“ енергија, се вели во интерен запаси што го видел „Бизнис инсајдер“.

Во истовреме, според ЦНБЦ, на вработените не им било кажано дали ќе добијат плата за прекувремена работа за задачите. Некои од компанијата ги гледаат сите овие задачи како тест на тимот на Маск за да се види кој работи напорно. Но, тие се загрижени дека нивните кариери во Твитер ќе завршат доколку не ги завршат своите задачи до крајот на ноемврискиот рок.

Твитер допрва треба да одговори на барањата за коментар за работното време, персоналот кој спие во канцелариите и отпуштањата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ванковска: Мојата цел не беше да победам,…

Кандидатот за претседател на Левица, Билјана Ванковска…

Ковачевски: Јасно е дека граѓаните не казнија…

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва порача…

Пендаровски: Резултатите не се такви какви што…

Резултатите не се такви какви што ги…

Полиција пред штабот на „Вреди“ додека ДУИ…

Кордон полицајци е распореден пред штабот на…

Битиќи: Коалицискиот капацитет ќе биде одлучувачки за…

„За вториот круг на претседателските избори клучно…