ТДП на чекор до владина коалиција, продолжуваат разговорите со ВМРО-ДПМНЕ

t

Турската демократска партија (ТДП) е блиску до договор за влез во Владата, а разговорите со владејачката ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжат и во следните денови, потврди лидерот на партијата Зулфикар Зејнула, објави 4news.mk

Зејнула посочи дека ТДП долго време функционирала како опозициска партија и дека првичната определба била да остане надвор од власта до следните избори. Сепак, според него, актуелната состојба и потребите на турската заедница довеле до промена на ставот.

„На масата не седиме само како политичка партија, туку како претставници на турската заедница. Постои потреба таа повторно да има свое место во Владата преку Турската демократска партија“, изјави Зејнула.

Тој нагласи дека ТДП е единствената турска политичка партија со парламентарно претставување и дека поддршката што ја добиле на последните локални избори носи дополнителна одговорност.

Според неофицијални информации, евентуалниот договор би можел да предвиди едно вицепремиерско место и две позиции заменик-министри за ТДП. Во јавноста се споменуваат можни позиции во Министерството за одбрана и Министерството за земјоделство, но официјална потврда сè уште нема.

Лидерот на ТДП смета дека иако во Владата има претставници на турската заедница, потребно е посилно парламентарно и институционално застапување на нејзините интереси.

Конечниот исход од разговорите и можната распределба на функциите се очекува да биде познат во наредните денови, во рамки на најавената владина реконструкција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Војната во Украина се префрла во вселената?…

Потенцијално опасен инцидент во Земјината орбита отвора…

Димитриеска-Кочоска: Продолжена мерката за понизок ДДВ за…

Владата ги продолжи мерките за намалување на…

Наводи за „калашникови“ и „скорпиони“ кај учесници…

Автоматски пушки „калашников“ и автомати „скорпион“ наводно…

Израел ги забрзува процедурите за доселување на…

Израел се подготвува за зголемување на бројот…

Виткоф утре патува во посета на Москва:…

Специјалниот пратеник на Соединетите Држави, Стив Виткоф,…