Објавено на:

Теа Таировиќ најавува спектакл и изненадувања за македонската публика

t

Денеска во арената „Борис Трајковски“ се одржа прес-конференција по повод претстојниот концерт на Теа Таировиќ во Скопје. Една од најпопуларните српски пејачи во моментов, Теа Таировиќ на 30 ноември ќе одржи спектакуларен концерт во Скопје во рамките на нејзината турнеја “Нека гори Балканот”.

На денешната прес конференција атрактивната пејачка најави спектакл за македонската публика, и рече дека колку и да патува било каде секогаш со задоволство се враќа во Македонија, а за македонскиот народ рече дека се вистински домаќини и дека овде е пречекана како да им е роднина во најмала рака.

Најави дека на концертот во Скопје македонската публика може да очекува дека ќе пее со нејзиното срце, а она што е посебно интересно е податокот кој го соопшти самата, а тоа е дека на повеќето настапи или концерти низ дијаспората, македонската публика е најбројна, па како што вели, “Публиката веќе знае што може да очекува од Теа Таировиќ”.

Меѓудругото најави и повеќе изненадувања и гости на самиот концерт, богата сценографија и програма која ја видела белградската публика, а сега истата можност ќе ја има и македонската публика.

За потсетување, Таировиќ пред една година одржа концерт во Скопје, во спортскиот центар Јане Сандански, а оваа година со далеку побројна публика во поголем простор, во арената “Борис Трајковски”.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Митровски: Михајлов стана Бугарин кога стана осуден…

Адвокатот Јанаки Митровски, во објава на Фејсбук,…

Зеленски: САД вршат притисок Украина да капитулира

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека неодамнешните…

Трамп ја брани одлуката за Русија: Украина…

Американскиот претседател Доналд Трамп ја образложи својата…

Бунт во СДСМ по катастрофата во Брвеница…

Остри критики кон раководството на СДСМ предизвика…

МВР: Вонредните локални избори во Општина Брвеница…

Министерството за внатрешни работи соопшти дека изборниот…