„Телеграф“: Полицијата се сомнева дека Иран стои зад неуспешниот бомбашки напад во базата Ферфорд
Британската полиција се сомнева дека Иран најверојатно стои зад неуспешниот бомбашки напад во воената база Ферфорд, пишува британскиот весник „Телеграф“.
Неименуваните извори на британскиот весник наведуваат дека е малку веројатно Техеран, доколку бил поврзан со осуетениот заговор, да се потпре на посредници од криминалното опкружување како во претходните случаи, што укажува на можност за подиректна вмешаност.
Пет лица беа уапсени вчера под сомнение за тероризам и кривични дела поврзани со експлозиви откако три сомнителни комбиња беа откриени на 400 метри од базата Ферфорд во Глостершир, а единицата за борба против тероризмот на полицијата започна истрага.
Како што дознава „Телеграф“, апсењата не биле дел од планирана операција и не биле извршени врз основа на разузнавачки информации.
Воздухопловната база Ферфорд е клучна база за американските воздухопловни сили во Европа и ја користеа американските воздухопловни сили во нападите врз Иран.
Иранската Исламска револуционерна гарда се закани со напад врз базата Ферфорд во јули, предупредувајќи дека секоја база што се користи за извршување напад врз таа земја е легитимна цел, пишува Телеграф.
Базата Ферфорд сега е во највисока тревога, додека базата Лејкенхит, каде што се стационирани и американски војници, го подигна нивото на закана на второ највисоко ниво.
Амбасадата на САД синоќа ги повика своите граѓани во Велика Британија да бидат внимателни.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Телеграф“: Полицијата се сомнева дека Иран стои…
Британската полиција се сомнева дека Иран најверојатно…
Рајна падна под „нулата“ кај Кауб: Се…
Една од најважните трговски артерии во Европа…
Заменик-директорот на ФБИ поднесе оставка една година…
Заменик-директорот на Федералното истражно биро (ФБИ), Ендру…
Повеќе делови од Скопје во вторник ќе…
Поради планирани технички зафати, мрежни активности и…
Спејс Икс ја лансира најголемата и најмоќна…
Aмериканската компанија Спејс Икс го изведе 14-тото…